ПОЈМОВНИК

 



 
Медијација

претставува поддршка и помош во комуникацијата помеѓу индивидуите или групите кои се во конфликт во насока на управување или надминување на отуѓеноста одбивноста, оддалечувањето или заладувањето на односите. Медијацијата има за цел да предизвика позитивни промени во меѓусебните релации на индивидуите или групите кои претходно биле во конфликт.

Учењето

е интегриран, континуиран процес што се појавува со поединецот овозможувајќи му да исполни одредени цели, потреби и интереси и да биде во чекор со тековниот процес. Циклусот на учење кај возрасни се разликува од учењето кај деца и се состои од следниве фази: проживување (искуство), развивање, обопштување(генерализирање), применување.

 Фидбек (повратна врска)

е резултат на реакцијата кога луѓето меѓусебно комуницираат. Фидбек е дел од одговорот на примачот на пораката, кога го информира испраЃачот на пораката како неговата порака (информација, вест) била примена.