Јужна Африка

Цели за милениумски развој

На Форумот на јужноафрканските граѓански здруженија, што се одржа летово во Јоханесбург, беше презентиран документот наречен „Цели за милениумски развој: Перспективите на граѓанското општество во рамката на стратегиите за намалување на сиромаштијата во Јужна Африка“ од авторот Невил Габриел.

Документот сугерира на кој начин можат овие цели да се интегрираат во постоечките кампањи на граѓанските здруженија.

Овој мошне интересен документ може да се симне од веб-страницата: www.sarpn.org.za/documents. На истата веб-страница можат да се најдат и други интересни информации и текстови за дебатата за сиромаштијата и напорите за нејзиното намалување во Јужна Африка.

М.И.