8 јуни

Светски ден на океаните

Овој датум е посветен на океаните - еден од најважните еколошки системи на нашата планета и меѓу клучните регулатори на нејзиниот глобален еколошки систем и на нејзината глобална клима. И овие огромни водени пространства се загадуваат и се деградираат од страна на човекот, наместо да бидат препознаени и одржливо употребени како извор на исхрана и лекување на многу болести.