АПЕЛ ЗА МИР И МЕЃУЕТНИЧКА ТОЛЕРАНЦИЈА ОД 11 ВЕЛЕШКИ ЗДРУЖЕНИЈА 

Мултикултурата е нашата убавина

Мулти Арт клубот „БИХОР” од Горно Оризари, велешко, одржа јавна трибина на тема „За мирот и меѓуетничката толеранција”. Трибината беше одржана на 11 мај, во Центарот за поддршка на НВО во Велес, а на неа присуствуваа 11 здруженија на граѓани и г. Јусуф Ахмедов, граѓанин кој учествуваше како независен интелектуалец.
На трибината меѓу другото беше усвоен Апел за мир и меѓуетничка толеранција, во кој се вели дека разните етнички заедници претставуваат симбол на убавината и единството на нашата држава, поради што се апелира тие да се сочуваат за да претставуваат генератор на нови креативности и визии, да бидат извор на толеранцијата, хуманоста и големиот мултикултурен потенцијал кои секогаш биле дел од Македонија.