Појмовник

Информација
Информација претставува секое ново­стекнато знаење втемелено врз дотогаш непознато искуство и соопштено во соод­ветна форма - односно со јазични и неј­а­зични системи на значење - како би можело да се разменува во процесот на комуникација меѓу поединците, групите и заедниците. Информацијата соопштена во процесот на информирање, го поврзува човекот со објективната реалност.

Комуникација
Комуникација е секоја онаа порака која е предмет на реципрочна размена на инфор­мативни содржини меѓу рамноправни субјекти на комуникацискиот чин, и која во процесот на размена помеѓу комуникаторот и реципиентот е изложена на можноста на дијалошка разра­ботка, а тоа значи и на можноста на критичка негација на новостекнатото знаење кое е содржано во неа.