Мрежите и коалициите во Македонија
Публикацијата „Мрежите и коалиците во Македонија” претставува презентација на наодите и заклучоците од истражувањето кое го спроведе МЦМС, преку анкетен прашалник со граѓански организации. Оваа публикација има за цел да ги констатира состојбите на полето на меѓусебната соработка и мрежното работење на граѓанските организации, и е дел од проектот „Истражување за мрежи, коалиции и чадор–организации”, во рамките на Програмата на Граѓанската платформа на Македонија, поддржана од Европската Унија преку Европската агенција за реконструкција.
Соработка на локалната самоуправа со граѓанските организации
Публикацијата „Соработката на локалната самоуправа со граѓанските оранизации” претставува истражувачки извештај за соработката на единиците на локалната самоуправа со локалните граѓански организации во Република Македонија. МЦМС ја подготви оваа публикација како дел од програмата за работа на Граѓанската платформа на Македонија.
|
|