Босна и Херцеговина
Толеранцијата против различностите
Во почетокот на март оваа година во Добој се одржа првата работилница на тема “Пратениците и граѓанските организации во поделба на одговорностите за одлучување околу развојот на заедницата и учеството на јавноста во процесот на донесување одлуки”. Во работилницата учествуваа седум пратеници, претставници на две месни заедници и новинари, а таа беше организирана со цел на едно место да ги собере претставниците на локалните власти и граѓаните за да се подобри меѓусебното разбирање, интерактивноста и соработката меѓу јавниот и приватниот сектор за развој на локалната заедница.
Една од целите на работилницата беше и вклучувањето на граѓаните во процесот на донесување одлуки и развојна политика на локално ниво, поголема ефикасност, транспарентност и одговорност на локалните власти, овозможување на граѓаните, а особено на граѓанските организации, да пропагираат промени во јавната политика на ниво на нивната локална заедница, но и воспоставување партнерство меѓу владиниот и граѓанскиот сектор.
Г.Ш.
|