Годишно собрание на ЗНМ

Избрано ново раководство

Здружението на новинарите на Македонија го одржа годишното собрание на кое избра ново раководство, беше усвоен извештајот за досегашната работа и беа презентирани планираните активности во наредниот период. За нов претседател беше изгласан Роберт Поповски, новинар во ТВ Канал 5, кој заедно со новиот извршен одбор, своите активности во наредниот период ќе ги насочи кон зголемување на бројот на членовите (досега во ЗНМ се зачленети 714 новинари) и кон мотивирање за активно вклучување во реализацијата на целите и стратегијата на Здружението, негово менаџирање со цел финансиска стабилизација и прилив на средства за континуирано стабилно работење, обезбедување адвокатска заштита на новинарите, реконституирање на Советот на честа, иницијатива за донесување закон за медиумите, иницијатива за основање независен синдикат на новинарите и одржување континуитет во меѓународните контакти со сродни здруженија од други држави преку членството во Меѓународната федерација на новинарите.

Т.Д