22 септември ДЕН НА ЕВРОПА БЕЗ АВТОМОБИЛИ: Да одиме пеш
Во цела Европа, овој ден се одбележува на практичен начин – луѓето се воздржуваат од возење на автомобилите, а во некои поголеми градови дури постои целосна забрана за возење на моторните возила, освен, секако за одредени служби и за исклучителни случаи. Тоа е момент да се потсетиме од опасноста на сe поголемото загадување од сообраќајот и секако, момент за граѓанска акција.
|